Лидерот во шпанската Ла Лига, Реал Мадрид ги прекина преговорите со агентот Мино Раиола за евентуален ангажман на играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба. „Кралевите“ се откажале од идејата следното лето да го земат 28-годишниот Французин како слободен играч, пишува „Марка“.
Актуелниот договор на Погба со „црвените ѓаволи“ истекува на крајот од сезоната и тој засега не дава никакви знави дека е подготвен да потпише нов. За само неколку дена, играчот од средниот ред ќе може да потпише преддоговор со друг клуб, кој ќе стапи на сила на лето.
Реал Мадрид досега важеше за фаворит за потписот на Французинот. Сепак, шпанскиот гигант одлучи да се откаже од Погба.
Тренерот Карло Анчелоти веќе не инсистира на овој трансфер. Тој ги користи Едуардо Камавинга и Федерико Валверде на позицијата на Погба и верува дека не му е потребен францускиот репрезентативец.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













