
Последниот натпревар Реал Мадрид го одигра пред две седмици и беше поразен на гостувањето кај Еспањол со 2-1. На тој натпревар „кралевите“ играа во формација 4-4-2, а експериментот на Карло Анчелоти скапо го чинеше.
Пред дуелот со Шахтјор во Лигата на шампионите, тој изјави дека Реал никогаш повеќе нема да игра во таа формација, туку дека ќе го постави тимот во системот 4-3-3 до крајот на сезоната, како што сме и навикнати веќе неколку сезони од Реал.
„Се обидовме да одиграме 4-4-2 против Еспањол, но се браневме очајно и работите не се одвиваа како што сакавме. Идејата е јасна, овој тим треба да игра 4-3-3. Тоа е идеален систем за тимот што го имаме на располагање “, изјави Анчелоти пред натпреварот со Шахтјор.
Реал ќе игра вечерва во Украина, а потоа следи големото дерби против Барселона в недела.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јувентус сака да го доведе Бернардо Силва
