
Клупската сезона заврши, а најдоброто останува за крај. Реал Мадрид и Борусија Дортмунд утре се среќаваат во финалето на најсилното клупско натпреварување, на а „кралскиот клуб“ како освојувач на 14 трофеи во Лигата на шампионите му се даваат многу поголеми шанси, иако никој не може да ги отпише и Германците.
Тренерот на Реал, Карло Анчелоти, веќе ги одбрал своите стартни 11, како што пренесуваат шпанските медиуми.
Доколку нема дополнителни проблеми, Анчелоти ќе стартува со Куртуо на голот. Лунин беше херој на претходните натпревари од Лигата на шампионите, но Украинецот е болен и има вирус, поради што не отпатува со тимот во Лондон. Треба да се приклучи утре, на денот на натпреварот. Но, италијанскиот стручњак сепак истакна дека „нема дебата кој е прв избор“ кога Куртоа е здрав, а Белгиецот неодамна целосно се опорави од повредата.
Анчелоти на клупата ќе го остави Хоселу, кој беше херој против Баерн Минхен со два гола во реваншот, но смета дека „играта често ја решаваат оние кои доаѓаат од клупата“, па тој и Лука Модриќ треба да бидат џокери во неговиот ракав.
Во бековската линија ќе играат Карвахал, Рудигер, Начо и Менди. Милитао се врати, но Анчелоти не сака да ја менува одбранбената линија, која ја одржуваше мрежата недопрена во повеќе од 20 наврати оваа сезона и која е многу добро воиграна.
Во средниот ред ќе игра Тони Крос, за кого ова ќе биде проштален меч за Реал и воопшто во клупската кариера, а потоа следуваат Камавинга, Валверде и Белингам, додека Чуамени отсуствува поради повреда.
Во нападот ќе бидат Родриго и Винисиус Жуниор.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Томче Гроздановски потпиша за романскиот тим Конкордија

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи

Евро-фудбал
Батурина пристигна во Комо за 17 милиони евра

Евро-фудбал
Јувентус се вклучува во трката за Виктор Ѓокереш

Евро-фудбал
Европскиот првак ПСЖ го суреди Атлетико

Интернационалци
Дин Аломеровиќ потпиша за УТА Арад од Романија

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи
