Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, направил последен обид да го убеди капитенот на тимот Начо Фернандез да остане на „Сантијаго Бернабеу“ уште една сезона, пишува „Марка“.
Како што е познато, договорот на 34-годишниот дефанзивец истекува на крајот на овој месец и тој ќе може да си замине како слободен играч доколку повторно не потпише.
До неодамна, тој се чинеше цврст во намерата да го напушти клубот каде што ја помина целата кариерa, а неговата најверојатна следна дестинација беше МЛС – лигата на САД. Интерес за него покажа и Ал-Наср каде настапува Кристијано Роналдо.
Сепак, Начо се поколеба во последните недели по славењето на трофеите во Ла Лига и во Лигата на шампионите.
Затоа, Анчелоти имал разговор со лидерот на тимот и му порачал: „Не прави нешто лудо, туку остани овде, кај нас, во Реал Мадрид“, тврди „Марка“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













