
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, во ексклузивно интервју за Prime Video изјави дека по ангажманот во овој клуб планира да се пензионира.
„По Реал Мадрид, најверојатно ќе престанам да работам како тренер. Но, не знам колку ќе трае, ако Реал планира да ме задржи уште 10 години, тогаш јас ќе бидам тренер толку долго“, изјави Анчелоти.
Италијанскиот стручњак стана првиот тренер во историјата на фудбалот кој освоил титули во сите пет лиги, во Серија А со Милан, во Премиер – лигата со Челси, во Лига 1 со ПСЖ, во Бундес – лигата со Баерн Минхен и во Ла Лига со Реал Мадрид.
„Како ја гледам мојата иднина? Сакам да бидам со моите внуци и да одам на подолг одмор со сопругата. После тоа, има толку многу работи што би сакал да ги направам и за кои немам време во моментов. Никогаш не сум бил во Австралија или во Рио де Жанеиро. Сега не ја посетувам сестра ми колку што сакам. За жал, не можете да постигнете сè одеднаш, но кога веќе нема да бидам тренер, тоа се работите на кои сакам да се посветам“, изјави италијанскиот стратег.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Тиквеш го врати Иван Ивановски

Евро-фудбал
Карерас е новиот „крал“ во Мадрид

Евро-фудбал
Лука Модриќ официјално е нов играч на Милан

Евро-фудбал
Душан Тадиќ пред трансфер во Атлетико Мадрид

Интернационалци
Чешмеџиев потпиша за Радник Бијелина

Евро-фудбал
Наполи ја засили одбраната со Сам Бојкема

Прва лига
Филип Купанов на голот на Башкими
