Вечерва во Лигата на шампионите нè очекуваат нови два возбудливи реванш-натпревари од четвртфиналето. Откако синоќа Барселона и Пари Сен Жермен изборија пласман во полуфиналето, сцената сега е резервирана за мечевите Интер – Баерн и Реал Мадрид – Арсенал.
Интер ќе ја брани предноста од првиот меч против Баерн Минхен, но целото внимание е насочено кон спектаклот во Мадрид.
Реал Мадрид, кој неочекувано загуби со високи 3-0 на „Емирати“ од Арсенал, ќе се обиде да направи историски пресврт пред својата публика. Иако „топчиите“ станаа новите фаворити за трофејот, мадриѓаните се познати по своите камбек приказни во ова натпреварување.
Според „Дефенса Сентрал“, тренерот Карло Анчелоти подготвува изненадување – Бразилецот Ендрик треба да биде главниот адут вечерва. Наместо Лука Модриќ или Брахим Диаз, токму младиот напаѓач ќе добие клучна улога, со задача да прави пресинг, да отвора простор и да создава шанси.
Ова би можел да биде неговиот голем момент на европската сцена. Досега, секогаш кога добил шанса, Ендрик ја оправдал довербата со борбеност и креативност.
Реал се надева на магија на „Бернабеу“, додека Арсенал сака да ја круниса сензацијата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа
Евро-фудбал
Фулам размислува за смена на Марко Силва
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ













