
Барселона го декласира Реал Мадрид со 0-4 на „Бернабеу“ во првото Ел Класико оваа сезона. Со оваа победа, екипата на Ханси Флик се одвои на врвот на табелата со предност од шест бода пред составот на Карло Анчелоти.
По натпреварот, Анчелоти како фурија избега во соблекувалната, а потоа на прес-конференцијата даде чудна изјава.
„Мој став е дека ова беше изедначен натпревар. Имавме неколку шанси, се играше интензивно во првото полувреме и можевме да постигнеме гол ако бевме малку попрецизни. Можевме ние да бидеме тие што ќе поведат. Кога тие постигнаа гол, веднаш постигнаа и втор и ја исцедија целата енергија од нас. Имаа многу простор бидејќи ризикувавме во задната линија, а тие беа многу опасни со контранапади“, изјави Анчелоти.
На крајот, Италијанецот сепак призна дека ова е голем удар за Реал.
„Задоволен бев од нашата игра во првото полувреме. Очигледно е дека ова сега е силен удар за нас. Морам да им се заблагодарам на навивачите кои останаа со нас до крајот. Се натпреварувавме добро 60 минути, но последните 30 минути треба да ги заборавиме“, изјави Анчелоти на прес-конференцијата.
„Не се закачив со Флик, туку со неговиот помошник, кој не се однесуваше како џентлмен. Тоа му го кажав и на Флик, кој се согласи со мене“, објасни Анчелоти за конфронтацијата со клупата на Барселона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal