Connect with us

Анчелоти му фрли око на Жоао Кансело

Реал Мадрид е заинтересиран за Жоао Кансело од Манчестер Сити. „Кралевите“ го следат фудбалерот на англискиот гигант уште од неговото време во Валенсија, каде Кансело беше во периодот од 2014 до 2018 година.


Тренерот на Реал, Карло Анчелоти, е добро запознаен со настапите на Кансело, бидејќи го гледаше додека беше менаџер на Евертон. Проблемот со евентуалниот трансфер на португалскиот интернационалец е што фудбалерот е исклучително важен за Пеп Гвардиола и Шпанецот тешко би се согласил да се раздели со него, особено што Кансело има договор до 2027 година.

Досега дефанзивецот не покажал никакви намери да го напушти гигантот од Манчестер, или знаци на некакво незадоволство во тимот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови