
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, беше самокритичен по победата од 1-2 над Селта. Победата не дојде лесно, и тренерот призна дека можеби проблемот бил и во него, бидејќи не објаснил доволно јасно што бара од своите играчи. Ова беше неговиот јубилеен натпревар број „200“ како тренер на „кралскиот клуб“ во Ла Лига, со 143 победи, 33 нерешени и 24 порази на негово конто.
„Среќен сум. Во колку од овие натпревари не сме страдале? Страдаме во секој од нив, во повеќето случаи победуваме, но понекогаш си одиме тажни. Овојпат проблемот беше што премногу лесно ја губевме топката и страдавме од контранападите на противникот. Треба да го подобриме тоа, бидејќи централните одбранбени играчи беа премногу отворени и ја губевме топката на средината од теренот. Затоа Чуамени играше меѓу нив“, изјави Анчелоти.
Тој ја прокоментира и ситуацијата кога Џуд Белингам се налути на Винисиус Жуниор затоа што не му ја додаде топката.
„Не ја видов ситуацијата, но не гледам проблем. Ако Џуд реагирал така, тоа покажува дека има карактер, дека има ‘мадиња’. По натпреварот ги видов како разговараат и се забавуваат. Не мислам дека има проблем меѓу нив. Белингам играше на друга позиција. Идејата беше тој да делува од втор план и да не дозволува противникот да ни создава проблеми со своите додавања. Ми се допадна како се снајде, тој се прилагоди на новата шема. Чуамени играше пред двајцата одбранбени играчи, каде што имавме проблеми со балансот во првото полувреме. Можеби проблемот беше во мене, што не објаснив доволно добро што сакам од играчите. Во второто полувреме работите се подобрија“, додаде Италијанецот.
На крај, тој не ја заобиколи темата за Лука Модриќ, кој го подобри рекордот на Ференц Пушкаш како највозрасен играч во дресот на Реал Мадрид.
„Тој секогаш му помага на тимот. Модриќ поседува неверојатна класа и е важен за нас. Тој е фантастичен фудбалер. Лука не е дете, но е неверојатен професионалец. За Реал Мадрид е благослов да го има во своите редови“, заврши Анчелоти.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
