
Реал Мадрид во 2023 година не делува баш убедливо. Клубот западна во криза, ниту резултатите, ниту играта не изгледаат добро. Шпанските медиуми пишуваат дека на тренерот Карло Анчелоти му се тресе столчето и дека доколку не го освои Светското клупско првенство во Мароко, ќе мора да го напушти клубот.
Барселона во новата година му побегна на Реал Мадрид големи осум бода во Ла Лига. Во тој период актуелните шампиони победија само на два од пет првенствени натпревари. Тие загубија од Барса со 3-1 во финалето на шпанскиот Суперкуп, а за малку ќе беа елиминирани и од Купот на Кралот, каде што успеаја да надоместат и да го свртат водството на Вилјареал од 2-0.
Реал Мадрид го очекуваат дуели со Ливерпул во Лигата на шампионите и нова борба со Барселона, а прв предизвик е Светското клупско првенство. Во полуфиналето Реал ќе игра против египетскиот тим Ал Ахли, а доколку победи во финалето би се сретнал со подобриот од мечот меѓу бразилскиот Фламенго и саудискиот Ал-Хилал.
Иако Реал е голем фаворит, на Карло Анчелоти му недостигаат пет играчи за овие натпревари.
Повредени се Тибо Куртоа, Едер Милитао, Карим Бензема, Лукас Васкез и Ферланд Менди кои останаа во Мадрид. Повреден е и Еден Азар, но тој не е во најтесните планови на италијанскиот стратег. Има надеж дека Куртоа, Милитао и Бензема ќе се вратат во финалето, но таму Реал допрва треба да се квалификува.
Шпанските медиуми пишуваат дека Анчелоти е на тенок мраз уште од Суперкупот и тешкиот пораз од Барселона. Раководството на клубот, наводно, повеќе не му верува на тренерот. Со секој нов кикс, Италијанецот е сѐ поблиску до излезната врата.
Од друга страна, Анчелоти е огорчен затоа што клубот не му донесе никого во преодниот рок, иако повтори дека на последните 11 натпревари игра со тим кој е десеткуван од повредите и исцрпен по Мундијалот во Катар. Тој побара од клубот барем уште еден напаѓач, но не го доби.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мармуш неизвесен за дербито на Манчестер

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола
