
Лука Модриќ конечно заигра за Реал против Наполи во Лигата на шампионите, откако првпат по 11 години не доби ниту една минута на два последовни натпревари.
Анчелоти не го употреби против Лас Палмас и против Џирона во првенството по очајната партија против Атлетико кога беше заменет на полувремето, а Реал лесно ги доби двата натпревари во Ла Лига. Модриќ трет натпревар по ред беше резерва, во Лигата на шампионите против Наполи. Сепак, влезе во последните 25 минути.
Пред утрешниот првенствен натпревар против Осасуна, Карло Анчелоти одржа прес-конференција. Главна тема беше Лука Модриќ, поточно неговиот статус.
„Модриќ ќе замине во јануари? Нема шанси. Тој не сака да замине и ние сме многу среќни поради тоа. Каков е неговиот статус во тимот? Тој мисли дека ни е важен, а ние го мислиме истото. Лука ни е многу важен. Да, тој е незадоволен од минутажата и тоа е очигледно, но јас разговарам со него секој ден и тој сепак е екстра мотивиран. Никој во соблекувалната нема негов статус. Тој е лидер. Модриќ е непроценлив за Реал. Го сакам, сите го сакаме Лука“, изјави Карло Анчелоти.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците

Интернационалци
Нови Пазар го претстави Јован Манев како ново засилување

Евро-фудбал
Астон Вила заинтересирана за Николас Џексон

Интернационалци
Чедомир Јаневски нов тренер на кипарскиот клуб Красава
