Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, е задоволен од победата (2-0) над Аталанта за Суперкупот на Европа. Ова беше првиот официјален натпревар на „кралскиот клуб“ за оваа сезона и за тренерот е важно што неговиот тим започна со успех.
„Многу тежок натпревар, особено во првото полувреме. Во второто бевме многу подобри, создадовме повеќе шанси, имавме повеќе простор… Винисиус ги покажа своите квалитети и покрај тешкотиите успеавме да се снајдеме. Аталанта прикажа многу добар фудбал, играше дисциплинирано во одбраната и беше многу тешко да го најдеме просторот што треба да го искористиме. Сепак, ова е прв натпревар и ми е драго што добро започнавме оваа сезона“, изјави Анчелоти.
„Мбапе се снајде одлично, прв натпревар за него, одигра добро. Нашиот тим е сега добро балансиран, добро составен, со Џуд Белингам имаме многу квалитети во овој тим. Меѓутоа, треба да бидеме способни да играме заедно. Убаво е што располагаме со толку квалитетни играчи“, додаде Италијанецот.
Карло Анчелоти од синоќа е најтрофејниот тренер во историјата на Суперкупот на Европа, со пет освоени трофеи. Тој го надмина Пеп Гвардиола, кој има четири пехари од ова натпреварување.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













