Connect with us

Анчелоти: Мбапе? Реал во моментов ги има шесте најдобри фудбалери во светот

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, по триумфот (4-0) над Џирона не сакаше многу да зборува за Килијан Мбапе.


Новинарите инсистираат стратегот на Реал да каже нешто ново за најавеното доаѓање на Килијан Мбапе во Мадрид, но, сепак, Италијанецот е резервиран и „политички“ коректен.


Сепак, се чини дека малку претера во вчерашната изјава.


„Постојано ме прашувате за играч кој игра за друг тим. Тука веќе ги имаме најдобрите фудбалери во светот. Винисиус Жуниор е прв, Џуд Белингам е втор, Родриго е трет. Потоа се Тони Крос, Феде Валверде и Едуардо Камавинга“, изјави Анчелоти.


Јасно е дека секој тренер многу ги цени своите играчи, но, сепак, искусниот Анчелоти не беше објективен со својата изјава.


Веројатно ниту навивачите на Реал Мадрид не би се согласиле со ваквиот став на италијанскиот стратег.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови