Connect with us

Анчелоти: Ќе се жалиме, Винисиус не требаше да биде исклучен

Винисиус Жуниор повторно се најде во центарот на вниманието поради инцидентот што се случи на натпреварот против Валенсија на „Месталја“. Бразилецот беше исклучен со директен црвен картон откако физички се пресмета со македонскиот голман Столе Димитриевски. Настанот предизвика бурни реакции и на теренот и по натпреварот, особено поради бурната реакција на Винисиус кон одлуката на судијата.

Судијата во својот извештај наведе дека Винисиус бил исклучен бидејќи удрил противнички играч, што значи дека напаѓачот на Реал Мадрид се соочува со суспензија од четири до 12 натпревари. Оваа казна би значела дека тој ќе ги пропушти натпреварите во шпанскиот Суперкуп, како и најмалку еден натпревар во Ла Лига.

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти, јавно застана во одбрана на својот играч, изјавувајќи дека црвениот картон бил претерана одлука.


„Тоа не беше за црвен картон. Имаше минимален допир од Димитриевски, а Винисиус го турна во реакција. Судијата можеше да покаже жолти картони за двајцата, и сè ќе завршеше тука. Ќе се жалиме на одлуката“, истакна Анчелоти на прес-конференцијата.

Сепак, извештајот на судијата и строгите правила на Ла Лига ќе го направат процесот на жалба компликуван за „кралевите“. Во меѓувреме, Реал Мадрид може да биде задоволен со освоените три бода, кои го зацврстија тимот на врвот на табелата.

Иако Винисиус е еден од клучните играчи на тимот, Реал Мадрид докажа дека може да функционира и без него. Сега, останува да се види дали Дисциплинската комисија ќе ја намали казната или ќе ја потврди суспензијата што може да влијае на амбициите на тимот во следните натпревари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови