Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, изјави дека тимот не се претставил на вообичаеното ниво во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Лајпциг. Натпреварот заврши 1-1 и „кралскиот клуб“ продолжи понатаму, иако не победи за првпат од почетокот на натпреварувањето.
Во групната фаза, Реал оствари шест победи во низа, а потоа со 0-1 славеше против Лајпциг во Германија.
„Многу лоша игра, одигравме лошо и ги заслуживме свирежите од трибините. Ни недостигаше интензитет, бевме стегнати. Психолошкиот аспект влијаеше негативно на нас“, прокоментира Анчелоти.
„Против нас имавме квалитетен тим кој немаше што да загуби. Контранападите на Лајпциг беа многу опасни. Од почетокот противникот ни правеше проблеми, но најважно беше да стигнеме до четвртфиналето и го направивме тоа“, продолжи италијанскиот стратег.
„Ја преземам вината на себе. Но, сепак се квалификувавме за следната фаза. Кога би можел повторно да бирам, би се обложил на истиот состав. Очигледно е дека има простор за подобрување. И минатата сезона на „Бернабеу“ одигравме лошо против Челси. Понекогаш лошата игра води до неуспеси. Сепак, ние сме во четвртфиналето“, додаде Анчелоти.
Реал Мадрид четврта сезона по ред е меѓу најдобрите осум екипи во Лигата на шампионите. „Кралевите“ немаат доживеано елиминација од германски тим во Лигата на шампионите од 2013 година, кога беа исфрлени во полуфиналето од Борусија Дортмунд.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal