
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, зборуваше пред претстојниот мега-дуел со Барселона во сабота. Италијанскиот стратег не штедеше комплименти за тимот на каталонците, при што изрази мислење дека Ханси Флик значително ја променил филозофијата на тимот.
„Колективот ни е добар, играчите се мотивирани. Ел Класико се многу тешки натпревари, но и забавни. Сакаме да се претставиме добро пред нашите навивачи“, сподели Анчелоти.
„Барселона има многу јасна идеја за играта, тие играат одлично. Ова е многу смел тим. Треба добро да го подготвиме натпреварот и да се обидеме да одиграме најдобро што можеме“, додаде Италијанецот.
„Белингам е многу добар, напредува, имаше проблеми со глуждот и со рамото, но состојбата му е добра. Тој многу придонесува за претставувањето на Реал Мадрид, што е многу важно за нас.“
„Барселона игра одлично. Во натпревар како Ел Класико е многу тешко да се одреди фаворит. Задоволни сме од Мбапе, бидејќи постигна голови. Тоа е важно за тимот, против Дортмунд тој имаше големо влијание кај два од головите. Ни јас, ни тимот, ни тој не брзаме. Очигледно, ќе игра сѐ подобро, бидејќи има сите квалитети за тоа.“
„Модриќ и Левандовски во овие години покажуваат дека се многу сериозни професионалци и ја демонстрираат својата страст кон фудбалот. Нема тајна за оваа долговечност и искуство. Ламин Јамал ја започна својата кариера на грандиозен начин. Навистина ми се допаѓа неговиот стил на игра, неговото однесување. Тој е многу опасен играч, но мораме да се фокусираме на тоа што сакаме да направиме. Многу ја почитуваме Барселона, бидејќи играат многу добро“, истакна тренерот на Реал Мадрид.
На крајот истакна дека нема потреба дополнително да го советува Килијан Мбапе пред неговото прво Ел Класико.
„Ништо посебно нема да му говорам. Тој многу добро знае, бидејќи има искуство и многупати играл против Барселона, што треба да направи. Неговиот начин на подготовка за натпреварот е многу смирен и многу едноставен. Тој многу се потпира на своите квалитети, и сметам дека утре ќе придонесе за тимот“, изјави Карло Анчелоти.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Евро-фудбал
Стив Манданда ја заврши кариерата

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
