Connect with us

Анчелоти го враќа Роналдо во Реал Мадрид?

Италијанскиот стратег Карло Анчелоти би сакал да го има Кристијано Роналдо повторно во тимот на Реал Мадрид. Тој побарал од Флорентино Перез да се обиде да го врати Португалецот на „Сантијаго Бернабеу“.

Јувентус не би имал ништо против да ја продаде големата ѕвезда со оглед на неговата огромна плата, а тоа секако е најголемиот проблем и за враќање на Роналдо во Мадрид.

Флорентино Перез и понатаму е во одлични односи со Роналдо и би можел да ја отвори темата за негово враќање во „кралскиот клуб“, но, сепак, многу повеќе е фокусиран на мегатрансферот на Килијан Мбапе. За него Реал Мадрид е подготвен да плати 150 милиони евра до крајот на летниот преоден рок.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови