
На негова сметка има многу критики, но пофалбите доаѓаат од лутиот ривал. Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, го пофали Роналд Куман пред „Ел Класико“.
Во пресрет на големото дерби в недела на „Камп Ноу“, италијанскиот стручњак истакна дека според него Куман добро си ја врши работата со Барселона.
„Тој е добар тренер. По него дојдов во Евертон и можам да ви кажам дека сите зборуваа пофално за него“, изјави Анчелоти. „Тој има позитивен ефект врз неговите тимови. Истото може да се каже и за она што го направи и го прави во Барселона. Мислам дека не е лесно да се тренира Барселона. Клубот се менува во овој период,а тој својата работа ја врши добро“.
Барселона се наоѓа на седмото место на табелата во шпанското првенство со 15 бода, додека Реал Мадрид е на второпласиран со два бода повеќе.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јувентус сака да го доведе Бернардо Силва
