Connect with us

Анчелоти го носи Киелини во Реал Мадрид?

Капитенот на европскиот првак Италија, Џорџо Киелини, би можел следната сезона да ја одигра во дресот на Реал Мадрид. Карло Анчелоти во него гледа одлично решение по заминувањето на Серхио Рамос во ПСЖ. Киелини би одиграл една сезона во дресот на „кралскиот клуб“, а потоа би ја завршил одличната кариера.

На Киелини му заврши договорот со Јувентус, а засега нема потврден одговор од клубот дека тој и понатаму ќе остане во Торино. „Старата дама“ му понуди нова едногодишна соработка, но можеби сега понудата од Карло Анчелоти за преселба во Мадрид делува попримамливо.

Киелини беше одличен на Европското првенство и покажа дека и со 36 години може да се натпреварува на врвно европско ниво.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови