
Реал Мадрид ја започна сезоната со два освоени трофеи – УЕФА Суперкупот и Интерконтиненталниот куп – но тоа не значи дека позицијата на Карло Анчелоти е сигурна. Според шпанските медиуми, иднината на италијанскиот стратег во голема мера ќе зависи од тоа дали „кралевите“ ќе успеат да освојат барем еден од трите главни трофеи: Ла Лига, Лигата на шампионите или Купот на кралот.
Доколку останат без титула, Анчелоти би можел да се збогува со клупата на Реал, и покрај тоа што има договор до 2026 година.
„Релево“ тврди дека клубот веќе подготвува стратегија за потенцијална промена, а како најсериозен кандидат за наследник се споменува Чаби Алонсо. Актуелниот тренер на Баер Леверкузен блеска со својот тим во Германија, а шпанските извори наведуваат дека е постигнат неформален договор меѓу двата клуба, според кој Алонсо ќе може да се пресели во Мадрид ако добие понуда.
Анчелоти досега освои две титули во Ла Лига, три во Лигата на шампионите и вкупно 14 трофеи во двата мандати со Реал. Но, во клуб како Реал Мадрид, успехот е единственото мерило, па останува да се види дали Италијанецот ќе ја оправда довербата или „кралевите“ ќе тргнат во нова ера со Алонсо на чело.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski