
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, беше исклучително задоволен по триумфот (2-5) над Ливерпул на „Енфилд Роуд“ во првиот осминафинален меч од Лигата на шампионите. Сепак, Италијанецот предупреди дека ова е само првиот дел од двомечот.
„Да се победи вака не е лесно, особено по таков почеток на натпреварот. Но, не ја загубивме самодовербата и полека ја преземавме контролата на натпреварот. Бевме ефикасни пред голот, а Винисиус одигра одличен натпревар. Сепак, ова е само првиот дел од пресметката. Тој беше во наша корист, но можеме да очекуваме дека во реваншот Ливерпул ќе нѐ притисне и ќе мора да работиме напорно“, смета Анчелоти.
„Сигурно не очекувавме да почнеме така со негатива од 2-0, но тогаш се сетив на натпреварот против Манчестер Сити минатата година и мислев дека можеме да го сториме истото. Бевме подобри во нападот. Го доближив Валверде до тој простор и почнавме подобро да се браниме. Ливерпул е одличен тим и ни правеа проблеми во првото полувреме. Би рекол дека овој двомеч сѐ уште не е завршен“, истакна стратегот на Реал Мадрид.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи и Конте ќе продолжат заедно

Интернационалци
Јован Манев со Ријека стигна до двојна круна во Хрватска

Евро-фудбал
Баерн Минхен ја купува ѕвездата на Кристал Палас

Евро-фудбал
Реал Мадрид ќе го врати Нико Паз на Бернабеу“

Евро-фудбал
Гасперини ќе биде нов тренер на Рома?

Млади репрезентации
Младите фудбалери ремизираа без голови против Косово
