
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, зборуваше пред медиумите пред претстојниот натпревар против Борусија Дортмунд, кој ќе биде повторување на финалето од Лигата на шампионите. Тој истакна дека тимот на Борусија е променет со нов тренер и нови играчи, но продолжува да биде силен противник.
„Имаат промени, нов тренер, неколку нови играчи, но во суштина тие се одличен клуб, одличен тим и знаеме дека нѐ очекува тежок натпревар“, изјави Карло Анчелоти.
Италијанецот спомена дека и тимот на Реал Мадрид сè уште не е на своето врвно ниво, особено во одбраната, и дека тие мора постепено да се подобруваат.
„Не сме сѐ уште на потребното ниво од 100%, но можеби е и рано за да го достигнеме максимумот во овој период од сезоната. Најважно е Реал Мадрид да победува, тоа секогаш се бара од мене и од тимот“, истакна Анчелоти.
На прашање за настапите на Џуд Белингам, кој сè уште нема постигнато гол оваа сезона, Анчелоти изрази задоволство од напорите на играчот и потенцираше дека минатогодишните негови голови беа изненадување кое не се очекува да се повтори. Според него, трудот на Белингам е поважен од головите.
Во однос на Килијан Мбапе, Анчелоти истакна дека главната задача на напаѓачот е да постигнува голови, слично на улогата што ја имаше Карим Бензема во тимот. Анчелоти сака Мбапе да биде добро позициониран и да ги користи брзите транзиции во играта.
На крај, Анчелоти зборуваше за Лука Модриќ, кој стана најстариот играч на Реал Мадрид во официјален натпревар, пофалувајќи го неговото искуство и вештини. Тренерот не откри дали Модриќ ќе започне во утрешниот натпревар, но увери дека тој ќе биде клучна фигура, без разлика на неговата улога.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Милан го договори Самуеле Ричи

Евро-фудбал
Ливерпул тргнува по потписот на Александер Исак

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски почна да стрела за Клуж

Прва лига
Струга ТЛ се раздели со Стефан Спировски
