Connect with us

Анчелоти бесен на судиите: Зарем ВАР не беше измислен за вакви ситуации?! (ВИДЕО)

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, беше бесен на судиите по поразот на неговиот тим со 0-1 од Еспањол. Прво, голот на Винисиус Жуниор беше поништен, а покрај тоа, Карлос Ромеро, кој подоцна го постигна победничкиот гол за домаќините, не доби црвен картон за груб прекршок одзади врз Килијан Мбапе.

„Дали има војна меѓу Реал Мадрид и судиите? Не сакам да зборувам за тоа. Единственото што ќе кажам е дека не беше доделен апсолутно очигледен црвен картон, а целиот свет го виде тоа. Најважно е да се зачува здравјето на играчите. Зарем ВАР не беше измислен за вакви ситуации? Ова беше исклучително груб и опасен фаул, и среќа што не дојде до повреда. Одлуката на судијата е необјаснива“, изјави Анчелоти.

Тој го коментираше и поништениот гол на Винисиус: „Судијата ни кажа само дека имало фаул од Мбапе“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови