
Еден ден по затворањето на летниот преоден рок, тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, коментираше за неговиот тим и за состојбата на некои од играчите кои добија помала минутажа минатата сезона, но сепак останаа на „Сантијаго Бернабеу“.
„Оваа сезона сме фаворизирани поради она што го правевме во претходната сезона. Мислам дека Ла Лига ќе биде потешка оваа година. Ние сме тика за да се натпреваруваме и да се бориме. Многу сум задоволен од трансфер пазарот бидејќи сепак ќе можам да сметам на играчите кои можеа да си заминат.
Еден Азар? Тој работи добро. Повторно ви кажувам дека тој ќе има поважна улога отколку во минатата сезона. По само три натпревари, тешко е да се процени сезоната што е пред нас. Марко Асенсио е среќен што останува тука. Го знаеме како што и тој го знае составот. Тој беше важен за нас минатата сезона и ќе биде повторно оваа сезона. Себалјос? Дани многу добро ја знае својата улога овде. Знае дека многу го цениме и има квалитет. Мислам дека чувствува наклонетост затоа што е играч што ни се допаѓа и го надополнува нашиот среден ред поради неговите многу добри карактеристики“, изјави Анчелоти на прес-конференцијата во пресрет на мечот со Бетис.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Баерн Минхен го обнови интересот за Нкунку

Евро-фудбал
Марко Верати го промени клубот во Катар

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ

Евро-фудбал
Луис Дијаз се договорил со Баерн Минхен

Евро-фудбал
Марко Асенсио се враќа во Ла Лига?

Евро-фудбал
Шчешни останува во Барселона до 2027 година
