
Фудбалерите на Реал Мадрид синоќа го совладаа тимот на Мајорка со 6-1. Херој на натпреварот беше Марко Асенсио кој постигна хет -трик. Тренерот Карло Анчелоти не штедеше комплименти за одличната игра на шпанскиот играч за врска.
Тоа е прв хет-трик во кариерата за Асенсио, но 25-годишниот фудбалер не ги прослави своите голови бидејќи ги постигна против поранешниот клуб Мајорка.
„Добро го отворивме натпреварот и малку го сменивме пристапот. Од стартот наметнавме силен интензитет. Бевме поагресивни, и тоа беше нешто за што разговаравме неколку дена. Играчите кои не играа толку често беа добро подготвени, а тоа е добар знак. На Асенсио му оди многу добро на позицијата на која играше против Мајорка – меѓу линиите. Може да му зададе многу мака на противникот, одлично комбинира со напаѓачите, а има и одличен удар. Мислам дека тоа е неговата позиција“, изјави Карло Анчелоти.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
