
МАКФУДБАЛ во Порто,
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (20.45 часот) на „Драгао“ ќе води битка за пласман на Светското првенство против поранешниот европски првак Португалија. По елиминацијата на Италија (0-1) во Палермо, македонските херои ќе треба уште еднаш да се надминат себеси во дуелот со Кристијано Роналдо и дружината, повторно на гостински терен, во Порто, за да го остварат сонот на сите генерации – Македонија да биде дел од Светско првенство.

Првиот Македонец кој заигра во Португалија, во сега далечната 1993/94 сезона беше голманот Антонио Филевски. Тој беше дел од тимот на Рио Аве. Поранешниот репрезентативец, а потоа и член во стручниот штаб на А-тимот, верува дека Македонија има шанси да се пласира на мундијалот. Главна фигура, според него, треба да биде Аријан Адеми.

„Доколку Адеми е здрав и 100% подготвен, ќе биде главниот наш играч до успех, тој е роден ВОДАЧ , добар техничар , со беспрекорна прецизна прегледност на теренот , одлична позициска поставеност во дефанзива , со опасни придодавања во нападот. Ако Адеми биде на 100% и одигра како што умее, тогаш и останатите играчи со негова помош и мотивација, поставеност, ќе го дадат максимумот од своите квалитети и имаме добри шанси за успех! Тој едноставно е роден ЛИДЕР!“, анализира поранешниот репрезентативен голман Антонио Филевски, кој своевремено беше дел и од стручниот штаб во А-тимот на Македонија.
Неизбежно е прашањето и за голманската позиција и сигурноста што ја влева Столе Димитриевски во дефанзивниот дел од селекцијата.
„Со сигурноста што ја дава Столе, со својата смиреност и европски квалитети – и невозможното е возможно! Голема работа е да имаш ваков голман во репрезентацијата! Веруваме во успех и се надеваме на најдобро. Само напред, Македонци“, порачува Антонио Филевски.
Дуелот меѓу Португалија и Македонија за пласман на СП во Катар е закажан за 20.45 часот, на стадионот „Драгао“ во Порто.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Хјонг-Мин Сон заминува од Тотенхем

Евро-фудбал
Фулам сака да го доведе Рахим Стерлинг

Интернационалци
Дарко Велковски е ново засилување за Зрињски

Евро-фудбал
Галатасарај во офанзива за Ким Мин-Јае

Евро-фудбал
Олимпик Марсеј сака да го врати Нејмар во Европа
