
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, зборуваше по најновиот пораз на неговиот тим со 0-2 од Њукасл во натпреварот од 19. коло на англиската Премиер – лига. Како една од причините за поразот, тој го истакна лошиот почеток на натпреварот.
„Примивме рани голови, а по таков момент е многу тешко да се вратите во играта. Се обидувавме, но немаме основа врз која се гради нашиот стил на игра за да се справиме со вакви моменти. Њукасл беа подобриот тим. Тие ја контролираа играта. Сè што направија, беше тимска игра. Кај нас тоа повеќе беше на ниво на индивидуални акции на играчите. Но, тие се обидуваат“, изјави Аморим.
A resolute message from the boss.#MUFC || #MUNNEW
— Manchester United (@ManUtd) December 30, 2024
Менаџерот на „црвените ѓаволи“ беше прашан и дали неговиот тим ќе се бори за опстанок во тековната сезона. Во моментот, Јунајтед се наоѓа на 14-то место на табелата во Премиер лигата и има предност од седум поени пред првиот тим под линијата – Ипсвич.
„Мислам дека тоа е можно и треба да бидеме искрени со нашите навивачи. Треба да промениме нешто, но оваа сезона ќе биде многу тешка за сите. Ова може да нè направи посилни и треба да се бориме“, додаде Аморим.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal