
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, повторно беше изоставен од составот на „црвените ѓаволи“ за натпреварот против Фулам во Премиер – лигата. Ова предизвика нови прашања за менаџeрот Рубен Аморим, кој повторно даде јасен одговор.
„Ако работите не се променат, јас нема да ја сменам мојата одлука. Ќе го ставам тренерот на голманите Витал во тимот пред да ставам играч кој не дава максимум секој ден. Во тој поглед, нема да се променам“, изјави Аморим.
Манчестер Јунајтед оствари минимална победа против Фулам со 0-1, но повторно не ги убеди навивачите со својата игра. Иднината на Рашфорд останува крајно неизвесна, а се очекува тој да го напушти клубот до крајот на зимскиот трансферен прозорец во јануари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем
