
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, го објасни заменувањето на напаѓачот Џошуа Зирзе во 33. минута од мечот при поразот (0-2) од Њукасл на „Олд Трафорд“. Холандскиот напаѓач беше заменет од Коби Меину, при што доби огромни свирежи од навивачите.
Според англиските медиуми, Зирзе бил со солзи на очи кога го напуштал теренот и заминал во тунелот, а потоа се вратил на клупата.
„Говорев со Џош за ова. Секогаш мислам на тимот, а во тој момент за тимот беше важно да излезе Џош. Тој е навистина добар момче и ќе ја добие нашата поддршка. Понекогаш се случуваат вакви моменти, како што беше случајот со Хари Мегваер, кога поминуваш низ тешки фази, но тоа е дел од секоја професија. Таков е животот. Затоа, ќе го поддржиме Џош и ќе продолжиме напред. Како што реков, Њукасл беше подобар тим, не само од Џош, туку од Манчестер Јунајтед“, изјави Аморим.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal