Американецот Мациек Камински, инвеститор со седиште во Минесота, е чекор поблиску до купување на англискиот премиерлигаш Евертон за 400 милиони фунти, пренесуваат англиските медиуми. Се вели дека преговорите меѓу сегашниот сопственик Фархад Мошири и малку познатиот американски бизнисмен се добро напреднати, но и понатаму се компликувани поради нестабилниот финансиски пазар во Велика Британија.
За секој договор сепак ќе биде потребно одобрение од раководството на Премиер-лигата.
Успешната продажба би значела дека половина од 20-те премиерлигашки клубови ќе имаат американски акционери. Британскиот бизнисмен со иранско потекло стана мнозински акционер на Евертон во февруари 2016 година пред да го зголеми својот удел во клубот две години подоцна.
Според извештаите на американските медиуми, Камински емигрирал во Соединетите Американски Држави од Полска кон крајот на 1960-тите, а потоа работел како инвестициски советник во брокерските куќи Paine Weber и Piper Jaffray пред да се префрли на инвестирање во недвижнини.
Своето богатство го изградил со стекнување канцелариски имот во Минеаполис, најголемиот град во американската држава Минесота.
Под водство на менаџерот Френк Лампард, Евертон за малку избегна испаѓање од Премиер – лигата минатата сезона и моментно се наоѓа на 13. место на табелата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Евро-фудбал
Ливерпул го купува Бастони за 100 милиони евра
Евро-фудбал
Роналдо: Ќе се пензионирам за година или две
Млади репрезентации
Трајков: Имаме потенцијал и верувам дека ќе освоиме нови бодови
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска













