Connect with us

Алварез останува во Сити до 2028 година

Манчестер Сити знае како да ги награди своите играчи и да ги задржи на „Итихад“. Хулијан Алварез ќе добие нов договор со значително зголемување на платата.


Аргентинецот летово пристигна од Ривер Плата, а откако експлодираше во дресот на Аргентина на Светското првенство во Катар, па Сити реши да го заштити од понуди со зголемен договор.


Алварез ќе потпише до јуни 2028 година со значително зголемување на платата, а се очекува договорот да биде официјализиран во наредните недели.


Алварез во Манчестер Сити пристигна за само 21 милион евра, оваа сезона забележа 31 настап, најмногу од клупата и постигна 10 гола со три асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови