
Брегалница и Работнички утре ќе го отворат 28.коло во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“ се надеваат дека ќе продолжат во позитивен стил и на гостувањето во Штип откако во претходното коло славеа против Вардар.
Левиот бек Дин Аломеровиќ ја пренесува атмосферата во таборот на клубот од Дебар Маало.
„Победата против Вардар беше многу значајна, но исто толку значајно ќе биде да оствариме позитивен резултат и на претстојниот дуел против Брегалница. До крајот остануваат уште само неколку кола и екстремно е важно за Работнички да продолжи резултатски во позитивна насока. Брегалница е квалитетен тим, иако е во опасната зона на табелата, а гостувањата во Штип секогаш се големо искушение. Верувам дека можеме да одговориме на предизвикот“, изјави Дин Аломеровиќ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
