Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски со тимот на Лидс Јунајтед ја освои титулата во Чемпионшип – дивизијата на Англија и од следната сезона ќе се натпреварува во Премиер – лигата. Тој вели дека менаџерот Марсело Биелса има големи заслуги за пласманот во елитата, но и затоа што имал фудбалери со премиерлигашки квалитет.
„Ова е неверојатна радост, со пари не се купува. Да се биде дел од Премиер – лигата е сон за секој фудбалер, ние сите тоа го заслуживме, затоа што имаме квалитет да бидеме дел од елитата. По 16 години и фановите повторно ќе го гледаат Лидс Јунајтед во Премиер – лигата. Марсело Биелса е одличен менаџер, но имаше и одлични фудбалери. Ова е навистина нешто неверојатно“, изјави Езгјан Алиоски за Лидс ТВ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн
Прва лига
Шкендија минимално го победи Работнички













