Connect with us

Алиоски: УЕФА од снимките може да види што зборуваше Арнаутовиќ

Езгјан Алиоски вели дека инцидентот со Марко Арнаутовиќ треба да го разреши УЕФА, а тој објасни дека на крајот од мечот зборувал со него и дека се поздравиле.


„Мислам дека УЕФА може да види детално преку видео – снимката што ми кажа Марко Арнаутовиќ. Имавме конфронтација во текот на дуелот, не можам точно да кажам што ми рече, тоа можат да погледнат конкретно луѓето од УЕФА од снимките. Најважно е дека зборувавме по завршувањето на мечот и сега треба да се фокусираме на натпреварите“, изјави Алиоски за инцидентот со Арнаутовиќ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови