
Езгјан Алиоски се запиша меѓу стрелците за Лидс на денешната победа на гостински терен против Стоук (0-3), триумф со кој тимот од „Иланд Роуд“ остана на чело на Чемпионшип-дивизијата.
Македонскиот репрезентативец одлично ссе снајде по една асистенција на Бамфорд, втрча кон петерецот и од непосредна близина зголеми на 0-2. За Алиоски, кој првите неколку средби сезонава ги почна на клупата за резерви, ова е прв погодок во новата сезона.
Алиоски потоа учествуваше и во акцијата при третиот гол за својот тим, кога по неговиот шут одбиената топка стигна до Бамфорд, кој ја претвори во конечни 0-3.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
