Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски го оствари сонот да заигра во Премиер – лигата, а на репрезентативен план живее бајка со Македонија и пласманот на Европското првенство. Сега на дневен ред е новиот договор со Лидс Јунајтед, со оглед дека актуелниот му истекува на крајот од сезоната.
Менаџерот Марсело Биелса истакна дека Лидс Јунајтед подготвува нов договор за македонскиот репрезентативец. Алиоски пак вели дека сака да остане на „Иланд Роуд“ и наредните сезони.
„Мојот договор истекува на крајот од сезоната и се надевам дека ќе останам на „Иланд Роуд“. Размислувам единствено за Лидс. Сакам да ја подобрам уште повеќе мојата игра. Среќен сум тука и сакам да останам, но ќе видиме како ќе се одвиваат работите“, изјави македонскиот репрезентативец.
Алиоски и Лидс Јунајтед претстојниов викенд му гостуваат на Челси на „Стемфорд бриџ“.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski