
Езгијан Алиоски ја продолжува серијата блескави игри за Лидс иако македонскиот репрезентативец не беше стартер на вечерашниот дуел со Хал Сити.
Откако постигна прекрасен погодок викендов против Хадерсфилд, Алиоски влезе во игра во второто полувреме од денешниот меч со Хал и со гол во 82. минута стави печат на триумфот на својот тим. Станува збор за извонреден контранапад кој почна со одлична одбрана на голманот на Лидс, по што топката се пресели на противничката половина, а Алиоски одлично се снајде и ја смести во мрежата.
WHAT A COUNTER #LUFC pic.twitter.com/Nzu2BVH9uj
— AztecLUFC (@AztecLUFC) December 10, 2019

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
