Македонскиот фудбалски репрезентативец Езгјан Алиоски се најде во фокусот на вниманието на англиската спортска јавност по „инцидентот“ што се случи на мечот меѓу Лидс Јунајтед и Арсенал. Беше исклучен напаѓачот на „топчиите“ Пепе откако му удри глава на Алиоски, а по завршувањето на натпреварот (0-0) и Киран Тирни сакаше да се пресмета со Џани Алиоски, но тоа го спречи Гранит Џака.
Потоа „битката“ се разгоре на социјалните мрежи, а Алиоски и Пепе добија огромен број навреди и закани од фановите на противничкиот тим. Алиоски доби семејни и национални навреди, па во текот на денешниот ден дојде и клупската заштита.
Лидс Јунајтед побара да се пронајдат сите виновници и тие да бидат соодветно санкционирани. Истото за Пепе го побара и клупското раководство на Арсенал. Пепе доби и огромен број расистички пораки.
Еве како Алиоски „влезе“ во дуелот со Арсенал…
This is what alioski said to pepe just before Pepe dropped nut on him. #LUFC pic.twitter.com/0b2Kbg5mK7
— Nathan?? (@lufcvlogger) November 22, 2020
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski