Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски е слободен агент откако го раскина договорот со саудискиот клуб Ал Ахли по испаѓањето на тимот од елитата. Сега тој е слободен во изборот на нов клуб, а понуди не недостасуваат.
Турскиот шампион Трабзонспор подолг период е заинтересиран за ангажманот на Алиоски, но очигледно дека и не нуди супер услови кога е во прашање финансискиот дел од приказната.
Медиумите на Островот отворија нова тема. Дали е тоа можност за нова „љубов“ меѓу Лидс Јунајтед и Алиоски. Можно ли е македонскиот репрезентативец како слободен агент да се врати повторно во Премиер – лигата. Претходно, остави одличен впечаток во дресот на Лидс…
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













