Македонскиот фудбалски репрезентативец Езгјан Алиоски ќе ги пропушти преостанатите натпревари за Лидс Јунајтед до крајот на сезоната, но многу веројатно и двата квалификациски натпревари на националниот тим против Полска и со Австрија, што ќе се играат во јуни. Тој го оперираше менискусот на левото колено, откако на синоќешниот меч против Брентфорд заработи сериозна повреда, поради која беше повлечен од игра уште во 11. минута.
„Разочарани сме од веста дека Џани нема да може да игра до крајот на сезоната. Тој го покажа својот квалитет во текот на целата година играјќи на различни позиции. Алијоски е омилена личност во нашиот тим, секогаш ги става соиграчите на прво место и претставува пример за сите во клубот“, изјави директорот на Лидс, Виктор Орта.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими го направи изненадувањето на колото со убедливиот триумф од 3-0 против Шкендија. Иако...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Вилдан Салиу
Арсими е изненадувањето на 14.коло во Првата лига. Одигра блескав натпревар против шампионот Шкендија,...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Интернационалци
Александар Трајковски се приклучи на Локомотива Загреб
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн













