Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски е блиску до договор со турскиот шампион Трабзонспор. По завршувањето на репрезентативните обврски, тој ќе замине на финални преговори со раководството на Трабзон и како што откриваат турските медиуми, има позитивна клима за склучување на зделката.
Иако фудбалерот има актуелен договор со Ал Ахли, сепак, раководството на Трабзон е подготвено да плати отштета и да го доведе Алиоски како засилување за следната сезона.
Трабзонспор по пауза од 38 години успеа да освои шампионски трофеј во турската Суперлига, а сега ќе следи и настапот во Лигата на шампионите. Тоа е одличен мотив и за македонскиот репрезентативец да одлучи да се врати во Европа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













