Езгијан Алиоски секогаш е интересен за разговор, па неслучајно на официјалната веб-страница на Лидс за време на оваа пауза се појави интервју токму со македонскиот репрезентативец, Во него, Алиоски говори за слободното време што го има, но и за фудбалските идоли и најтешки ривали.
„Најдобар соиграч во Лидс сигурно ми е Хернандез, но ако зборуваме севкупно, тоа е Горан Пандев. Од репрезентативните колеги тука се Пандев, Барди и Елмас… Некои луѓе се забораваат, но играч како Пандев, кој го кренал пехарот во ЛШ и освоил се што може да се освои, тој секогаш е во преден план“, вели Алиоски.
Воедно, тој откри и за кој клуб навива од детството, но и на кој фудбалер отсекогаш најмногу му се воодушевувал.
„Откако знам за себе сум навивал само за Реал Мадрид, тоа е тимот и на мојот фудбалски идол – Роберто Карлос. Играм како лев бек, на иста позиција како него, ме воодушевуваше со брзината и со одличниот шут. За Реал игра и Серхио Рамос, најтешкиот ривал против кого имам играно во кариерата“, открива македонскиот интернационалец во редовите на Лидс.
Алиоски во разговорот открива и како го минува слободното време во Лидс, кое сега го има во неограничени количини.
„Не е нималку лесно, но на сите ни е јасно, мораме да останеме дома за ситуацијата да може да се стабилизира. Секогаш се наоѓа нешто да се прави кога си дома, некои луѓе сакаат да читаат книги, но јас не сум по такви работи. Времето го минувам играјќи на плејстејшн и гледајќи филмови на Нетфликс“, истакнува Џани Алиоски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн
Прва лига
Шкендија минимално го победи Работнички













