
Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски е незаменлива алка во стартниот тим на Лидс актуелнава сезона. И, сето тоа во голема мера на еден од најдобрите фудбалски стратези Марсело Биелса кај кого ужива полна доверба.
Задоволството од работата со Биелса не го крие и Алиоски кој вели дека под негово водство значително напредувал како фудбалер.
„Напредував многу на фудбалски план, и на тактички план но и како психолошка подготовка, благодарение на Биелса на кого мора и лично да му искажам благодарност за огромната доверба во мене. Тоа што навистина силно верува во мене многу ми ја олеснува задачата на терен, и едноставно се трудам да го дадам максимумот. Уживам во играта, уживам во работата со е едно такво големо менаџерско име. Од него секој ден учите нови работи. Навистина комплетно ме смени како фудбалер“ – вели Алиоски.
Македонскиот репрезентативец ужива, како што вели, и во новата улога која му е дадена сега.
„Добро, играта како лев бек не е непознаница за мене. Но, лев бек кај Биелса воопшто не значи игра како бек, но тоа е и лево крило и лев бек. Всушност истото го играм и за македонската репрезентација така да сето тоа воопшто не ми претставува проблем“ – вели Алиоски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го доби вечното македонско дерби со брзината и генијалните потези на Роџерс Мато,...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Прва лига
Гостивар му се заблагодари и на Алдаир

Евро-фудбал
Штутгарт во финалето на германскиот Куп (ВИДЕО)
