
Македонскиот првак Шкендија утре (18 часот) ја почнува европската одисеја во квалификациите за Лигата на шампионите гостувајќи му на естонскиот шампион Номе Калју. Капитенот Арменд Алими ја истакнува решеноста на избраниците на тренерот Ќатип Османи да остварат позитивен резултат.
„Натпреварите на европска сцена се секогаш тешки, нема лесни ривали, но, сепак, квалитетот речиси секогаш пресудува. Мислам дека Шкендија е поквалитетен тим, максимално сме мотивирани и фокусирани и веруваме во успех“, истакна Арменд Алими на прес – конференцијата.
Утрешниот меч ќе го суди шкотскиот арбитар Доналд Робертсон.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
