Македонија одигра 1-1 против Казахстан во Скопје и драстично ги намали шансите за директен пласман на Светското првенство. Се чини дека сепак нема да беа многу поголеми и со триумф, со оглед дека Белгија славеше против Велс во Кардиф со 2-4.
Но, Македонија сѐ уште во трка за втората позиција која носи бараж со релативно полесни ривали, а околу тоа многу работи ќе зависат од последниот натпревар во квалификациите против Велс на гостински терен.
Играчот за врска Исник Алими жали за победата, но вели дека сонот за Мундијалот сѐ уште живее.
„Жалиме многу, но направивме сè што можевме. Бевме уморни од натпреварот со Белгија. Креиравме многу шанси, но како да немавме доволно среќа. Во првото полувреме требаше да бидеме поагресивни, а во второто одигравме подобро, но малку ни недостигаше за да стигнеме до победа. Фудбалот е таков — понекогаш добиваш, а понекогаш губиш. Но, нашиот сон не е згаснат. Имаме уште шанси и треба да мислиме на натпреварот во ноември“, изјави Алими.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal













