
Триумфот на Вардар против актуелниот шампион Струга ТЛ донесе голема возбуда уште на стартот од 20.коло во Првата лига, а денеска се на програмата преостанатите пет натпревари, кои исто така се многу интересни. Особено дербито во Тетово меѓу Шкендија и Силекс.
Доколку Шкендија победи, ќе направи голем чекор кон титулата, но Силекс сигурно нема да се предаде лесно.
„Подготвени сме повторно за голема борба. Да го задржиме нашиот тим на врвот на табелата. Гледам како тренираме, каква концентрација имаме, како го слушаме тренерот и едни со други. Подготвени сме повторно да се бориме за да останеме на врвот на табелата“, изјави играчот за врска на Шкендија, Ибрахим Алхасан.
Силекс исто така очекува позитивен епилог од дербито. Напаѓачот Ади Алиќ вели дека ќе одговорат на големиот предизвик.
„Свесни сме дека нѐ чека голем предизвик против директниот ривал за врвот на табелата. Имаат доста квалитетни индивидуалци, но верувам во нашиот тим и верувам дека секој играч ќе даде сѐ од себе за да оствариме добар резултат“, изјави Алиќ
Работнички мора да победи против Воска за да остане во трка за врвот, додека Гостивар нема право на кикс против Беса ако сака да остане блиску до Шкендија.
Тиквеш против Пелистер и Брера против Шкупи исто така носат интересни дуели, каде што домаќините ќе бараат победа, но нема да им биде лесно.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 20.КОЛО (денеска, 14 часот)
Шкендија – Силекс
Работнички – Воска
Беса – Гостивар
Тиквеш – Пелистер
Брера – Шкупи
Вчера: Струга ТЛ – Вардар 0-2

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Италија доживеа дебакл во Осло

Евро-фудбал
Меси го напушта Интер Мајами
