
Дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, споделил дека сака да му се приклучи на Реал Мадрид во првиот можен момент, пренесува „Билд“.
„Кралевите“, од своја страна, имаат намера да почекаат до летото 2024 година.
Мадриѓаните велат дека имаат сериозен интерес да го доведат Канаѓанецот во однос на празнините кои би настанале со евентуалното заминување на Ферлан Менди. Сепак, не се подготвени да ја платат високата цена што ќе биде побарана за играчот, па имаат намера да почекаат до следното лето, кога 22-годишниот талент ќе има само уште една година од договорот со Баерн Минхен.
Алфонсо Дејвис минатата сезона имаше 38 настапи за баварскиот тим во сите натпреварувања, постигнувајќи три гола и осум асистенции.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Младите фудбалери посакуваат триумф над Црна Гора

Евро-фудбал
Мбапе ја објасни разликата меѓу Реал и ПСЖ

Млади репрезентации
Данев: Сакаме да влеземе во серија, да ја победиме и Црна Гора на гости
