
Работнички и Шкупи денеска (13 часот) на стадионот „Борис Трајковски“ ќе ја имаат третата пресметка оваа сезона, во четвртфиналето на Купот на Македонија. По една победа имаат двете екипи на меѓусебните дуели, секој на домашен терен во првенството.
Голманот Игор Алексовски успеа да ја сочува мрежата на претходниот меч со Силекс и посакува идентичен епилог и на денешниот меч со Шкупи.
„Купот е специфичен, победник мора да има и во еден натпревар нема многу простор за грешки. Свесни сме за тоа, знаеме и дека против себе имаме квалитетен тим каков што е Шкупи, но сигурно дека не се и непобедливи. На почетокот на првенството ги победивме токму на „Борис Трајковски“, а потоа загубивме на Чаир. Ќе биде тешко, но максимално сме фокусирани и мотивирани и веруваме дека можеме да ја оствариме целта. Во Купот е важно да одиш во следната рунда и сигурно дека ќе сториме сѐ да стигнеме до полуфиналето“, изјави Игор Алексовски за официјалниот сајт на Работнички.

Сепак, и Шкупи има план да се пласира во полуфиналето. Тоа го потврдува Али Адем.
„Се подготвивме максимално за куп-натпреварот, како и досега за другите натпревари. Не чека меч низ една напорна недела, бидејќи викендов не очекува уште еден многу важен дуел во Кратово против Силекс. Но, ние имаме свои планови и одиме на денешниот натпревар за да победиме. Верувам дека ако ги следиме инструкциите на тренерот, нема да имаме проблем против Работнички, против кого славевме во првенството. Тоа не значи дека го потценуваме противникот, но на овој натпревар ќе одиме максимално мотивирани по нов триумф“, вели Али Адем.
Дополнителен противник и за двете екипи ќе биде и тешкиот терен.
Во Ѓорче Петров, актуелниот бранител на трофејот, Македонија ЃП ќе биде домаќин на Силекс.
Капитенот Филип Мишевски очекува максимална посветеност од сите.

„Атмосферата во екипата е одлична, фокусирани сме на денешниот натпревар, очекувам 90 минути фокус и концентрација од цела екипа“, истакна Филип Мишевски.
Во Кавадарци, Тиквеш е домаќин на Брера, а Брегалница во Штип ја пречекува Воска Спорт.
На четвртфиналните дуели се игра еден натпревар, а доколку во регуларниот тек мечот заврши со нерешен резултат, веднаш ќе се изведуваат пенали.
КУП НА МАКЕДОНИЈА, ЧЕТВРТФИНАЛЕ
РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ
МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС
ТИКВЕШ – БРЕРА
БРЕГАЛНИЦА – ВОСКА СПОРТ

-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Саудиска Арабија ќе сфати дека фудбал не се прави само со пари
Саудиска Арабија е богата со пари и амбиции. Престолонаследникот Мохамед бин Салман вели дека...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Не е до менталитетот, до квалитетот е!
Македонија имаше водство од 2-0 против Украина и, според зборовите на Барди, играше како...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Калјари со луд пресврт го победи Сасуоло (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Рома ќе мора без Дибала на наредните два меча

Интернационалци
Дени Илиев заминува од Хелсинки

Евро-фудбал
ПСЖ ја пронајде замената за Мбапе

Прва лига
Почина поранешен фудбалер на Шкендија

Прва лига
Бојан Круљ е новиот тренер на Брера

Евро-фудбал
ПСЖ ја пронајде замената за Мбапе

Евро-фудбал
Артета бесен на судењето: „Јасно и очигледно“

Евро-фудбал
Калјари со луд пресврт го победи Сасуоло (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Атлетико Мадрид подобар од Алмерија (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Астон Вила го тресна и Арсенал (ВИДЕО)
