Англискиот фудбалер Трент Александер Арнолд го продолжи договорот со премиерлигашот Ливерпул до 2025 година, објави клубот од „Енфилд Роуд“.
„Тоа е единствениот клуб за кој знам, и затоа времето минато тука и продолжувањето на престојот на подолг рок е нешто неверојатно за мене и за моето семејство“, изјави англискиот репрезентативец.
Арнолд, кој потекнува од младинската школа на Ливерпул, дебитираше за сениорскиот тим во 2016 година.
Во дресот на Ливерпул одигра 179 натпревари и беше дел од екипата која по триесетгодишна пауза ја освоија шампионската титула во сезоната 2019/20.
Ливерпул во првото коло од новата сезона во Премиер – лигата му гостува на Норич, на 14 август.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













