
Поранешниот репрезентативец на Србија и сегашен помошен тренер во Интер, Александар Коларов, би можел наскоро да ја преземе клупата на Црвена Звезда, пренесува „Calciomercato.it“.
Според истиот извор, Звезда го гледа Коларов како сериозен кандидат за наследник на Владан Милојевиќ, кој сè повеќе се приближува кон селекторската позиција на репрезентацијата на Србија.
Оваа тренерска промена доаѓа откако ФСС го разреши Драган Стојковиќ – Пикси по поразот од Албанија во Белград, што сериозно ги загрози шансите на Србија за пласман на Светското првенство 2026.
Според информациите на италијанскиот портал, Милојевиќ би можел да го преземе националниот тим веќе од јануари, а Коларов би го заменил на клупата на Црвена Звезда – клубот во кој самиот ја започнал својата фудбалска кариера пред да стекне меѓународна слава со настапи за Лацио, Манчестер Сити, Рома и Интер.
„Коларов минатото лето се врати во Интер, овојпат како помошник на Кристијан Киву и тренер во младинските селекции на клубот, но задржа значајна улога во соблекувалната, поради што неговото евентуално „да“ за Звезда не е сигурно. Во клубот од Милано е ценет и почитуван, како од страна на стручниот штаб, така и меѓу играчите“, пишуваат Италијанците.
Коларов беше и селектор на репрезентацијата на Србија до 21 година пред да го прифати повикот од Интер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Роналдо: Сѐ поблиску сме до Мундијалот

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
